Free Essay

Кога Долгогодишната Ѕвезда Се Гаси

In:

Submitted By elii
Words 956
Pages 4
Вовед

Во овој случај станува збор за компанијата Powerful Entertainment и проблемите со кои што се соочува компанијата. Всушност се работи за Боб Антис човек на 61 – годишна возраст кој што веќе има 36 –годишна кариера во компанијата, во неговата кариера тој бил легенда во индустријата за снимање музика, бил и најуспешен продавач на компанијата, а исто така открил многу изведувачи со кои што компанијата склучувала договори.
Односите и врските кои што тој ги имал со продавачите на големо и мало, како и со изведувачите направил тој да биде неопходен за успешното функционирање и опстанокот на компанијата на пазарот со продажба на музичките плочи. Многу од познатите изведувачи како што е на пример Марк Сандер и други соработувале со компанијата само поради добрите односите кои што ги имале со Боб.
Од тие причини Боб бил лице вработен во компанијата P & B како виш менаџер со висока плата затоа што тој бил најзаслужен за успехот на компанијата.
Личната соработката што Боб ја имал со Марк Сендер поради која тој останал да соработува и понатаму со компанијата и носела 30 % повеќе заработка отколку било кој друг изведувач.
Меѓутоа , во последно време продажбата на компанијата е се помала а со тоа паѓа и профитот на компанијата, но Боб не превзема ништо за да ја зголеми продажбата, тој не знае ништо во врска со дигитална дистрибуција и не воведува ништо ново.
Поради ова се појавува дилема дали Боб сеуште треба да го држи местото на виш менаџер за продажба или на тоа место треба да дојде некој вистински продавач кој ќе воведе некои иновации и со тоа ѓе ја зголеми продажбата.

Дијагноза
Според Теоријата на атрибуција лошата и нереалната перцепција на Боб за ситуацијата на пазарот е базирана на интерни фактори затоа што тој верува дека е незамисливо да пропадне индустријата со плочи, а сето тоа води кон прашање дали тој е вистинскиот човек за тоа работно место.
Најголемиот проблем во компанијата е што во последно време профитот на компанијата и самата продажба се значително намалени, а платите на вработените се сеуште на ниво од минатиот период, во чиј трошок влегува и високата плата на Боб заради неговата позиција во фирмата како менаџер за продажба.
Промените во индустријата и развојот на нови развојни технологии како што е на пример дигиталната дистрибуција довело до вакви проблеми во компанијата, затоа што компанијата не се прилагодила на промените и не била во тек со најновите технолошки иновации.
Компанијата почнала да се соочува со закана од супститути (Портеровиот модел) заради тоа што на пазарот се појавиле голем број на производи како: ЦД албуми, интернет пристап и online превземање на музика, со кои може да се замени потребата од плочи, кои што се основен производ на команијата.
Учинокот кој што Боб го постигнал во минатото е многу значаен за компанијата, но во последно време тој не е толку корисен како порано, па затоа Ноел- Генералниот директор најпрво го споредува учинокот на Боб со своите достигнување во компанијата, дека откако тој влегол во компанијата напредувал и стогнал до таа позиција а како Боб после толку години стои во место сеуште е момче од продажбата и дека неможе и има страв од промени.
Ноел исто така го споредува учинокот на Боб со успесите на новата генерација и со тоа предизвикува некаков вид на контраст ефект додека го оценувал учинокот на Боб. Но, од друга страна пак Боб е премногу имагинативен и неговиот ентузијазам е заразен, тој ги мотивира вработените и прави тие да се чувствуваат убаво, а исто така младите учат многу од него, дури можеби тој е едниствениот човек во фирмата кого луѓето навистина го сакаат и почитуваат.

Солуција
Земајќи ги во предвид горенаведените факти за да го решиме проблемот на компанијата најпрво ќе воведам промена на варијабилна плата, што значи дека платата на вработените ќе се намали како резултат на значително намалениот профит, исто така ќе се воведи нова стратегија чија главна цел ќе биде воведување на иновации во производството и во продажбата преку дигитална дистрибуција и ќе се реструктуира структурата на групата за продажба со што ќе се воведе вработен со технолошки знаења кој ќе биде задолжен за иновациите, а сепак да се задржи Боб и сите можности кој тој и ги нуди на компанијата. Со воведување на ваквите иновации се очекува да се зголеми продажбата, а со секое нејзино зголемување вработените ќе добиваат бонуси.
Боб исто така ќе стане заштитно лице на компанијата поради целокупниот успех кој што го има направено за компанијата. Со ваквото решение се очекува компанијата да ги задржи досегашните врски и односи кои што ги има стекнато заради харизмата и личноста на Боб, а воедно и да се прилагодат на промените во индустријата со што би го зголемиле својот профит.

Заклучок
Компанијата со соочува со страв од промени и ваквиот став придонесол до намалување на продажбата и профитот на компанијата. Боб Антис менаџерот за продажба веќе не придонесува како порано но сеуште има висока плата па проблемот е дали компанијата може уште долго да ги поднесе ваквите високи трошоци за плата.
Значењето на Боб за компанијата е големо, затоа за компанијата е многу важно да ја задржи довербата на веќе постоечките изведувачи и корисници, покажувајќи лојалност и грижа за своите вработени, како и задржување на репутацијата за добра корпоративна општествена организација.
Комбинацијата од веќе добро изградени врски и односи и прилагодување на промените со воведување на иновации во компанијата и реструктура на организацијата се очекува да придонесе зголемување на продажбата и профитот.
За да се постигне ова платите на вработените ќе бидат намалени, но со секое зголемување на продажбата тие ќе добиваат бонуси. Со ова вработените би биле мотивирани заедно да напредуваат и дополнуваат едни со други, да учат едни од други, да воведуваат иновации со што би ја зголемиле продажбата , а за тоа ќе бидат добро наградени.

Similar Documents