Free Essay

Likvidnost

In: Business and Management

Submitted By cadikovska
Words 4568
Pages 19
[pic] |РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

УНИВЕРЗИТЕТ "Св. КИРИЛ И МЕТОДИЈ"-СКОПЈЕ

ЕКОНОМСКИ ИНСТИТУТ-СКОПЈЕ | |[pic] | |

ПОСТДИПЛОМСКИ СТУДИИ ОД ОБЛАСТА
НА ЕКОНОМСКИТЕ НАУКИ
НАСОКА ФИНАНСИСКИ МЕНАЏМЕНТ

ЛИКВИДНОСТ И УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТА ВО БАНКИТЕ

(семинарска работа од предметот:
Комерцијално банкарство)

Студент: Ивана Чадиковска Досие бр. 787

Mentor:
Доц. Д-р Климентина Попоска
Доц. Д-р Неда Петроска Ангеловска

Скопје, Април 2010

СОДРЖИНА

ВОВЕД ----------------------------------------------------------------------------------------- 3

I. ПОИМ ЗА ЛИКВИДНОСТ-------------------------------------------------------------- 4

II. ПОБАРУВАЧКА И ПОНУДА НА ЛИКВИДНОСТ------------------------------- 5

III СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТА-------------------------6 3.1 УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТ ПРЕКУ АКТИВА-------------------------6 3.1.1 Недостатоци на стратегијата – управување со ликвидност преку актива----------------------------------------------------------------- 8 3.1.2 Елементи на високо ликвидна актива ---------------------------------- 9

3.2 УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТ ПРЕКУ ПАСИВА-------------------------9 3.2.1 Предности и недостатоци на стратегијата – управување со ликвидност преку пасива ----------------------------------------------- 11

3.3 БАЛАНСИРАНО УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТ (ПРЕКУ АКТИВА И ПАСИВА) --------------------------------------------------------------12

IV. НАЧИНИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТА НА БАНКИТЕ
ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА-------------------------------------------------------- 13

ЗАКЛУЧОК ------------------------------------------------------------------------------------ 15
SUMMARY ------------------------------------------------------------------------------------- 16
Користена литература------------------------------------------------------------------------- 17

ВОВЕД

Ликвидност, или способност да се прибере доволен износ на парични средства, а притоа да се плати нормална и прифатлива цена[1]; е од суштинска важност за тековнaта одржливост на било која банкарска организација. Затоа, управување со ликвидноста е една од најзначајните активности спроведени од страна на банките. Менаџментот за управување со ликвидност може да ја намали веројатноста од сериозни проблеми. Всушност, важноста на ликвидноста ја надминува индивидуалната банка, бидејќи недостатокот на ликвидност на една институција може да има реперкусии на целиот систем. Поради оваа причина, анализата на ликвидноста бара од банкарскиот менаџмент не само да ја мери ликвидност на банката на континуирана основа, туку, исто така да се испита како финансирањата, најверојатно, ќе се развиваат под различни сценарија, вклучувајќи неповолни услови.[2]
Формалноста и софистицираноста на процесот за управувавање со ликвидноста, зависи од големината и софистицираност на банката, како и од природата и сложеноста на активностите. Во овој труд е обработено што означува поимот ликвидност, од каде произлегува понудата, а од каде побарувачката за ликвидност. Објаснети се насоките за менаџментот како треба да се управува со ликвидноста и најважните аспекти во управувањето со ликвидност.
Опишани се и трите главни стратегии за управување со ликвидноста и тоа: управување со ликвидноста преку актива, управување со ликвидноста преку пасива и комбинирано (балансирано) управување со ликвидноста, т.е. управување со ликвидноста на банките преку преку актива и пасива.

I. ПОИМ ЗА ЛИКВИДНОСТ

Наједноставно кажано ликвидноста значи да се има готовина кога е потребно. Една банка се сметка дека е ликвидна доколку има брз и лесен пристап до средства, по разумни цени и точно во она време во кое тие средства и се потребни на банката.[3] Управувањето со средствата на банката е всушност управување со ликвидната позиција на банката, т.е. управувањето со активата и пасивата.
Принципот на ликвидност всушност претставува постојано следење на сите позиции на активата и пасивата, со цел евентуалните промени да се стават под контрола и да се минимизира евентуалниот ризик.
Ликвидноста во банкарското работење се дефинира и како способност на деловната банка во секое време да одржува хармонија на роковите помеѓу побарувањата и обврските односно истите да ги усогласува. Оваа способност треба да биде приоритетна со постојано располагање со доволно резервни ликвидни средства и на тој начин да се обезбеди солвентност на банката односно способност таа во целост и во секое време да ги извршува своите обврски. Во добар систем на управување со ликвидност, од пресудно значење за банката е да се обезбеди од флуктуациите во нејзиниот биланс на состојба и да ги задоволи интервентните или секојдневните тековни обврски, наспроти обезбедувањето средства за долгорочен развој. На тој начин се јакне сигурноста на банката, и нејзиниот кредибилитет.

II. ПОБАРУВАЧКА И ПОНУДА НА ЛИКВИДНОСТ

Позицијата на ликвидност на банката произлегува главно од структурата на нејзиниот биланс.
На страната на активата се наоѓаат инструменти со различен степен на ликвидност, при што најликвидни се готовите пари и хартиите од вредност кои се рангираат според можноста за нивно претворање во ликвидни средства на финансикиот пазар, а најнеликвидни се пласманите во згради и опрема. Заемите пласирани во реалниот сектор и населението имаат третман на неликвидна актива, иако се со различни рокови на доспевање.
На страната на пасивата се наоѓаат нејзините обврски, при што како ликвидни се сметаат оние, кај кои депонентите или кредиторите можат во секој момент или во кратки рокови да ги повлечат средствата од таа банка. Помалку ликвидните се оние кои се врзани со подолги рокови на враќање.
Во целина, позицијата на ликвидност произлегува од компаративниот однос на ликвидноста на активата и на пасивата во билансот на банката. Банката преку својот менаџмент може да влијае на својот биланс со цел истиот да биде помалку или повеќе ликвиден. Банките создаваат ликвидност на билансот на состојба со трансформирање на помалку ликвидни средства во поликвидни обврски.[4]
Потребата на банката за ликвидност може да биде разгледана и во рамките на анализата на понуда/побарувачка. Одредени активности ја зголемуваат побарувачката за ликвидност и постојат изворите на кои банката може да се потпре за да обезбеди ликвидност кога се потребни средства. За повеќето банки, најголем притисок врз побарувачката за ликвидност се појавува од следните извори:
• клиентите ги повлекуваат своите депозити;
• барања за кредити од квалитетни клиенти кои банката сака да ги задржи како клиенти, било во форма на нови кредити, обновување на истечени договори за кредити или повлекување од веќе договорени кредитни линии;
• исплата на обврски по основ на недепозитни позајмувања, како што се кредити добиени од други банки или од централната банка;
• плаќање на даноци и други оперативни трошоци кои се појавуваат во производството и продажбата на услуги;
• исплата на дивиденда на акционерите на банката.[5]

За да се задоволат горенаведените барања за ликвидност, банката може да се потпре на повеќе извори на понуда:
• примање на нови депозити од клиентите на нови сметки или на веќе постоечки сметки;
• прилив од отплата на кредити од страна на клиентите;
• приходи од продажба на недепозитни услуги;
• продажба на банкарска актива;
• позајмувања од пазарот на пари.
Овие различни извори на понуда и побарувачка на ликвидност разгледувани заедно ја детерминираат нето ликвидносната позиција на банката во било кое време.

III СТРАТЕГИИ ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТА

Во минатото стратегиите на управување со ликвидноста се менувале, и тоа прво актуелна била стратегијата на управување со средствата (активата), а подоцна стратегијата на управување со пасивата.
Денес, банките ја користат и активата и пасивата, како и комбинирана стратегија на активата и пасивата за да ги задоволат потребите за ликвидност. Изворите на ликвидност се идентификувани и споредени со очекуваните потреби. Менаџментот го разгледува целиот депозитен одлив и прилив кога одлучува како да ги алоцира средствата од активата и да ги финансира операциите. Клучни разгледувања вклучуваат одржување на високо квалитетна актива и јака капитална база при што и двете ги намалуваат потребите за ликвидност и го подобруваат пристапот на банката до средства по ниска цена.

3.1 УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТ ПРЕКУ АКТИВА

Во својата наједноставна формулација, оваа стратегија налага “чување” ликвидност во форма на портфолио на ликвидна актива, претежно во готовина и пазарни обврзници. Кога се појавува потреба од ликвидност, одредени ставки од активата се продаваат во замена за готовина се додека не се задоволат потребите за готовина. Овој процес е познат како конверзија на средства, т.е. конверзија на неготовинска актива во готовина.
Банките кои ја применуваат оваа стратегија за управување со ликвидноста, типично држат ликвидна актива за да ја дополнат ликвидноста од депозити и други пасиви. Овие средства може лесно и брзо да бидат конвертирани во готовина по разумна цена или се темпирани да достасуваат кога менаџерите очекуваат потреба за зголемена ликвидност. Иако менаџментот очекува да заработи каматен приход на ликвидната актива, нивна главна задача е да обезбедат ликвидност. Ликвидност на средствата подразбира нивна пазарност и стабилна цена. Најликвидна актива е онаа која доспева најрано и е највисоко пазарна.
Бидејќи банките имаат мало влијание на големината на нивните вкупни обврски, ликвидната актива и овозможува на банката да обезбеди средства за задоволување на порастот на побарувачка за кредити на локалниот пазар. Банките кои се потпираат исклучиво на менаџмент со актива се концентрираат на прилагодување на цените и достапноста на кредитите и на нивото на ликвидна актива која се чува како одговор на промените во преференциите на клиентите за актива и пасива. Во секој случај, активата за која нормално се смета дека е ликвидна понекогаш не се ликвидира лесно и/или профитабилно.
Износот на ликвидна актива која банката треба да ја одржува е функција на стабилноста на нејзината депозитна структура и на потенцијалот за брза експанзија на кредитното портфолио. Генерално, доколку изворите на средства се стабилни и кредитната побарувачка е предвидлива, релативно е ниска потребата за ликвидност. Многу банки ја следат стапката кредити/депозити како општ индикатор за ликвидност. Кредитите се неликвидните средства, додека депозитите се примарен извор на средства. Висока стапка покажува неликвидност бидејќи банката кредитира многу повеќе во однос на нејзината депозитна база. Новите кредити или други купувања на активи мора да бидат финансирани со голем износ на купени пасиви. Ниска стапка укажува дека банката има дополнителна ликвидност, бидејќи може да одобрува нови кредити финансирани од стабилни депозити. Оваа стапка не е толку значајна како што изгледа на прв поглед, бидејќи ја игнорира композицијата на кредитите и депозитите. Некои кредити доспеваат брзо и лесно може да бидат продадени доколку е тоа потребно. Други кредити се долгорочни со периодични исплати и можат да бидат продадени само со значителен попуст. Две банки кои имаат идентична депозитна база и кредити/депозити стапка може да имаат значително различна кредитна ликвидност доколку една банка има високо пазарни кредити,

додека другата има ризични долгорочни кредити.[6] Агрегатната стапка едноставно го игнорира временското совпаѓање на готовинскиот тек од каматата и отплатата на главницата. Договорите со исплати на рати побрзо генерираат готовина отколку кредитите, кои го одлагаат плаќањето на главницата за на крај. Истото важи и за депозитната база на банката. Некои депозити, како долгорочните орочени депозити се постабилни од другите, со што е помал и ризикот од нивно повлекување. Агрегатните стапки на тој начин ги игнорираат разликите во композицијата и на активата и на пасивата.

3.1.1 Недостатоци на стратегијата – управување со ликвидност преку актива

Чувањето ликвидна актива за потребите на ликвидност е се помалку атрактивна поради тесниот профитен распон и барањата за одржување на капиталот.
Менаџментот мора да ги земе во предвид и трошоците на одржување ликвидност. Институција која одржува строга ликвидносна позиција има опортунитетни трошоци на генерирање повисоки приходи.
За да се максимизира профитабилноста, менаџментот мора внимателно да ја процени користа од ликвидната актива наспроти очекуваниот повисок принос поврзан со помалку ликвидна актива. Приносот што произлегува од повисоко приносна актива може да биде неутрализиран доколку е неопходна принудна продажба, по цена помала од книговодствената вредност како резултат на флуктуациите на пазарот. Исто така, тука се надоврзуваат и трансакционите трошоци платени на брокерите за услугите во процесот на продажба на активата.
Продавањето актива за да се зголеми ликвидноста се стреми да го ослабне и билансот на состојба на банката, бидејќи продадената актива, често е, претставена во нискоризични државни хартии од вредност, кои даваат впечаток дека банката е финансиска силна.[7]
Ликвидносната актива има најниски стапки на принос од сета финансиска актива.

3.1.2 Елементи на високо ликвидна актива

Високо ликвидна актива вклучува:
• Готовина, која ги вклучува и средствата кај Централната банка и државни хартии од вредност кои може да бидат искористени како колатерал. Оваа е најликвидна категорија на средства.
• втора категорија се другите пазарни обврзници и меѓубанкарски заеми, кои може да бидат продадени.
• понеликвидно е кредитното портфолио на банката кое може да биде продадено.
• најнеликвидна категорија ги вклучува непазарните средства како што се кредитите кои не може да се продадат, основните средства на банката, вложувања кај други друштва и сл.
• средствата кои се заложени кај трети странки се одбиваат од секоја категорија.

3.2 УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТ ПРЕКУ ПАСИВА

Многу поголеми банки во шеесетите и седумдесетите години на XX век, почнаа да ги обезбедуваат своите ликвиднoсни средства преку земање заеми на пазарот на пари.[8]
Стратегијата на купување на средства на пазарот на пари е позната како купена ликвидност т.е. управување со ликвидност преку пасива. Во својата наједноставна формулација, налага позајмување на доволно достапни средства за да се покријат сите очекувани побарувања за ликвидност.
Алтернативните трошоци на расположливата пасива може да бидат споредени со опортунитетните трошоци на продажба на различни активи. Наспроти помалите банки, поголемите банки се генерално поспособни да го контролираат нивото и композицијата на нивните активи и пасиви. Кога се потребни средства, поголемите банки обично имаат поширок избор на можности од кои го селектираат најмалку скапиот метод за генерирање на средства.
Способноста да се обезбеди дополнителна пасива, повеќе отколку нивото на постоечка пасива, претставува ликвидносен потенцијал. Во предвид мора да бидат земени фактори како што е фреквенцијата со која банката мора редовно да ги рефинансира купените пасиви кои достасуваат, како и проценката на континуираната способност на банката да обезбеди средства на пазарот на пари под нормални пазарни услови. Тешкотија во проценувањето на последниот ризик е тоа што, додека банката излезе на пазарот да позајмува, таа не може да детерминира со сигурност дека средствата ќе бидат на располагање по цена со која ќе се обезбеди приход. Финансискиот пазар обезбедува дополнителни средства само за банки со добар кредитен рејтинг. Најважно за управување со пасивата е постојаната способност да се позајмува. Затоа најважно средство на банката е нејзината кредитоспособност. Стапката која банката мора да ја плати нагло ќе порасне со појавата и на мало сомневање за проблем. Во случај на сериозно сомневање, таа нема да биде во можност да позајми по било која стапка.
Пристапот на големите банки до неприкосновените извори на финансирање е функција на нивната позиција и репутација на пазарите на пари.
Големите банки генерално чувствуваат недостиг на депозити за да ги финансираат главните бизниси- работењето со големите компании, владата, други финансиски институции и богати индивидуалци. Нивна единствена опција е да ги позајмуваат потребните средства од други поголеми понудувачи на средства, претежно во форма на краткорочни пасиви кои мора континуирано да се обновуваат. Овој метод, познат како управување со пасива е многу поопасен метод отколку управувањето со актива. Мала банка која погрешно го води управувањето со актива може да изгуби потенцијален приход. Голема банка која го води погрешно управувањето со пасива може да пропадне.
Ликвидноста на мала банка се разликува од онаа на големите центри на пари. Малите банки се потпираат на краткорочни каматоносни активи за да ги задоволат нормалните потреби за ликвидност. Големите банки чуваат релативно повеќе задолжителна резерва. Второ, големите банки чуваат повеќе интербанкарски депозити за да ги подржат националните и интернационалните кореспондентски односи.

3.2.1 Предности и недостатоци на стратегијата – управување со ликвидност преку пасива

Предности на оваа стратегија се:
• банката ќе позајми тогаш кога ќе се појави потребата, без потреба континуирано да чува повеќе ликвидна и нископриходна актива;
• позајмувањето и овозможува да го остави непроменет волуменот и композицијата на портфолиото на актива и
• банката има конкретна улога врз каматната стапка, при што ако и се итно потребни поголем износ на средства ја зголемува понудената каматна стапка, а во обратен случај ја намалува.[9]

Аналитичарите и банките треба да бидат свесни за следните ризици поврзани со праксата на управување со пасива:
• Купените средства не мора секогаш да се достапни по разумна цена кога се потребни. Доколку пазарот ја загуби довербата во банката, банкарската ликвидност или дури и солвентност може да биде загрозена. Негативно мислење на ревизорот, неочекувана загуба на профитабилноста или економски движења кои преставуваат значителни закани за одредена институција во облик на нагол одлив на купените средства, може да бидат уништувачки.
• Преголемо потпирање на менаџментот со пасива може да предизвика тенденција за минимизирање на чувањето на краткорочни обврзници, релаксирани стандарди за ликвидност на актива и да резултира во големи концентрациии на краткорочни пасиви кои ја подржуваат активата со подолг рок на доспевање.
• Концентрација на изворите на финансирање го зголемува ризикот на ликвидност. На пример, банка која претежно се потпира на меѓународни меѓубанкарски депозити ќе искуси проблеми доколку прекуморските пазари предизвикаат нестабилност на банкарскиот сектор и економијата. Замената на овие депозити може да биде тешка и скапа бидејќи домашниот пазар може да ја перцепира негативно ненадејната потреба на банката за средства.
• Доколку на пазарот на пари се развие каматна конкуренција, банката може да сноси високи трошоци на средства и може да избере да ги снижи кредитните стандарди за да книжи повисоко приносни кредити и обврзници. Доколку банката купува обврски за да ја подржи активата, повисокиот трошок на купените средства може да резултира во негативна приходна маржа.
• Кога постои национално монетарна пресија, повисока дискриминација на каматни стапки и на квалитетот на кредитите, може да се развие и може да ги направи трошоците на купените средства неприфатливи за сите освен за мал број на банки. Затоа, банките со лимитирани извори на финансирање треба да избегнуваат потпирање претежно на купени средства.
• Преокупирањето со обезбедување на средства по најниско можна цена, без земање во предвид на дистрибуцијата на роковите на достасување, ја интензивира изложеноста на банката на ризик од флуктуацијата на каматните стапки.

3.3 БАЛАНСИРАНО УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТ (ПРЕКУ АКТИВА И ПАСИВА)

Многу банки прават компромис во изборот на нивната стратегија на управување со ликвидност и ги користат и активата и пасивата. Под оваа стратегија, некои од очекуваните побарувачки за ликвидност се чуваат во актива (претежно во пазарни обврзници и депозити кај други банки), додека другите останати потреби за ликвидност се покриени со однапред договорени аранжмани за кредитни линии од кореспондентските банки или други обезбедувачи на средства. Неочекуваните потреби за готовина обично се задоволуваат со краткорочни позајмици. Долгорочните потреби за ликвидност може да се планираат, како и средствата за нивно задоволување да се обезбедат во форма на краткорочни и долгорочни кредити и обврзници, кои ќе се претвараат во готовина кога потребите за ликвидност ќе се појават. Сезонски, циклично, или други фактори може да предизвикаат агрегатните кредити и депозити да се движат во спротивни насоки, резултирајќи во кредитна побарувачка која ги надминува достапните депозитни средства. Банка која се потпира стриктно на менаџмент со актива ќе го рестриктира растежот на кредитите на она ниво кое може да биде подржано од расположивите депозитни фондови и

краткорочна ликвидна актива. Како алтернатива, потребите за ликвидност може да бидат задоволени преку изворите од пасива како што се купени државни средства, позајмувања од централната банка, продажба на обврзници под договор за реоткуп итн, дозволувајќи и на банката да ја задоволи поварувачката за кредити. Одлуката дали да се користат извори од пасива или не, треба да биде базирана на комплетна анализа на сезонски, циклични и други фактори, инволвираните трошоци, како и на степенот на достапна менаџмент експертиза. Покрај тоа што може да служат како дополнение на управувањето со ликвидноста преку активата, изворите на пасива може да служат и како алтернатива и кога изворите на актива се достапни. Бројот на банки кои се потпираат исклучиво на управувањето со структурата на активата за да ги задоволат потребите за ликвидност рапидно опаѓа.
Менаџментот со актива најчесто се користи кога постои стабилна база на депозити и предвидлива побарувачка за кредити при што е потребно ниско ниво на ликвидност, додека менаџментот со пасива преовладува кога се има лесен пристап до средства по ниска цена.
Од причини што постојат ризици кои се јавуваат во ситуации во кои се смета на зајмена ликвидност, од една страна и значајни трошоци за акумулирање ликвидност во активата, од друга страна, повеќето банки се едногласни при избор на стратегијта за управување на ликвидноста и ги користат и раководењето на активата и раководењето на пасивата.

IV. НАЧИНИ НА УПРАВУВАЊЕ СО ЛИКВИДНОСТА НА БАНКИТЕ ВО РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

Согласно постоечката регулатива, НБРМ ги пропишува правците и насоките за управување со ликвидноста со банките, но не дава конкретни лимити на индикатори и коефициенти на ликвидност според кои ќе се оценува ликвидноста на банките во глобала. Утврдувањето на конкретните лимити и рамки е оставено на самите банки поради некомпатибилноста на нивоата на ликвидност помеѓу банките. Начинот на управување со ликвидноста се разликува од банка до банка поради разликите во начинот на управување со активата и пасивата и разликите во конкретната структура на портфолиото на банките.
Поголемите банки и покрај досегашната скромна регулатива од страна на НБРМ, имаат воспоставено интерни политики и одлуки за управување со ликвидноста, систем на оперативно регулирање на ликвидноста, инструменти за одржување на ликвидноста и детален опис на одговорностите и контролата на управување со ликвидноста низ хиерархиската структура на банката. Во поголемите банки е поставено и неформално тело надлежно за оперативното раководење и неделно следење на ликвидноста, кое врз основа на неделните проекции за состојбата на сметката на банката и предвидените уплати и исплати од сметката, ги утврдува глобалните активности што се преземаат во текот на неделата, како насоки на одлучување.
Со интерно пропишаните одлуки за управување со ликвидност, поголемите банки ги утврдуваат процентите за пласмани во поединечна актива (благајнички записи, државни хартии од вредност, странски и домашни хартии од вредност) во однос на вкупната актива, како и лимитите на извори на средства (депозити по поединечен депонент, вкупен износ на депозити од други банки, вкупен износ на издадени хартии од вредност) во однос на гарантниот капитал. За одржување на девизната ликвидност, банките поставуваат лимити на дневниот износ на девизни средства во однос на вонбилансни девизни обврски и ја пропишува процентуалната структура на износот на валути кои ги чува банката, вооднос на гарантниот капитал на банката
Банките покрај следење и контролирање на концентрацијата на депозитната база и воопшто на портфолиото на банката, ја следат и корелативна врска меѓу приливите и одливите на сметка на банката преку коефициентот на линеарна корелација, како и процентот на варијации на депозитната база со цел да се утврди однесувањето на стабилните и нестабилните депозити. Глобалната криза на ликвидност, која започна во пролетта 2008 година, во најголем дел резултираше со пониско ниво на финансирање на капиталниот пазар додека нивото на ликвидност во банкарскиот сектор остана високо. Ликвидноста на банкарскиот сектор во Република Македонија во 2009 година останала силна, најмногу поддржана од стабилното штедење на граѓаните. Идниот економски правец на Република Македонија во голем дел зависи од ефикасноста на економските, фискалните и монетарните мерки кои ги презема Владата и нивно навремено усогласување. Се очекува дека нема да има ликвидносни шокови во домашното банкарство и во 2010 година. Заради тоа, за да ја зачува структуралната ликвидност НБРМ наметнува минимум 100% исполнување на задолжителни месечни и шестмесечни ограничувања за ликвидност.

ЗАКЛУЧОК

Секоја банка треба да има договорено стратегија за управување со ликвидност. Оваа стратегија треба да биде доставена на потребните нивоа на организацијата. Една од клучните активности на банките е создавањето на ликвидност. Многу банкарски активности зависат директно или индиректно од способноста на банката да обезбеди ликвидност за клиентите. Банките на тој начин се особено ранливи кон ликвидносните проблеми, и како специфична институција меѓутоа и како фактор кој влијае на финансиските пазари во целина. Практично секоја финансиска трансакција или ангажман има импликации врз ликвидноста на банката. Со оглед на тоа, банките треба да бидат внимателни кон определувањето на нивната стратегија за управување со ликвидноста, политиките и приодот на менаџментот кон ликвиднсота. Стратегијата за управување со ликвиднсота треба да го утврди генералниот пристап на банката кон ликвидност, вклучувајќи различни квантитативни и квалитативни цели.
Оваа стратегија треба да ја потенцира целта на банката за заштита на финансиските средства и способноста да се издржат стресни настани на пазарот.
Стратегијата за ликвидност на банките треба да содржи и специфични политики на одредени аспекти за управување со ликвидноста, како што се составот на средствата и обврските, пристап за управувањето со ликвидноста во различни валути и употребата на некои специфични финансиски инструменти.
Секоја банка треба да има структура на управување за ефикасно да се применува ликвидноста стратегија. Во оваа структура да бидат вклучени членовите на повисокото раководство. Високиот менаџмент мора да се осигура дека ликвидноста е ефикасно управувана, и дека соодветни политики и процедури се воспоставени за контрола и ограничување на ликвидносниот ризик.

SUMMARY

Ivana Cadikovska

Liquidity and managing liquidity in banks

Once explained, what is liquidity and liquidity management, it can be concluded that the management of the bank’s liquidity is complex job. The net liquid position of the bank represents the difference between the supply of liquidity and the demand for liquidity of the bank. When demand exceeds the supply of liquidity, management must prepare for liquidity deficit, in the opposite case, management must prepare for surplus liquidity.
There are also various types of assets that the bank uses to maintain its liquidity as well as secondary reserve assets of liquidity, the funds obtained from money market securities, the use of credits with other domestic and foreign banks, liquidity reserves etc..
This paper elaborates the strategies for managing liquidity and it can be concluded that the strategy for managing assets requires "storing" liquidity in the form of liquid assets portfolio, mostly in cash and bonds market. The strategy of managing liquidity by borrowing liabilities requires immediately available funds sufficient to cover all anticipated liquidity requirements. Many banks make a compromise in choosing their strategy of liquidity management and use the assets and liabilities. Under this strategy, some of the expected demand for liquidity in assets held (mostly in market bonds and deposits with other banks), while the other remaining liquidity needs are covered with previously agreed arrangements for credit lines from banks or other providers of funds. Regarding to Macedonia, the development of financial markets and financial instruments, will certainly lead to dislocation of the levels and elements of the indicators, and that will happen as a consequence of the dislocation that will occur at the side of assets and liabilities in the banks. The development of financial instruments from one side will complicate the management of liquidity of the banks, given that it will be difficult to harmonize the liabilities with the assets, expressed in the existence of sensitivity to sources of funding in relation to the position of the bank's rating. But it will also contribute to increased flexibility in the choice of instruments and ways of managing and maintaining the liquidity of banks.

Користена литература

• Ашталковски Сашо. Банкарско работење, Европски Универзитет Република Македонија, Скопје, 2007

• Basset, William F. and Zakrajsek E. Profits and Balance Sheet Developments at U.S. Commercial Banks in 1999, Federal Reserve Bulletin,2000

• Berger Allen and Bouwman Christa, The Measurement of Bank Liquidity Creation and the Effect of Capital. The Wharton Financial Institutions Center, Philadelphia. September 2006 < http://fic.wharton.upenn.edu/fic/papers/07/0702.pdf >

• Graddy D. and Spencer A. , Bank Management, Prentice Hall, 1990

• Д-р. Поповска Климентина, Комерцијално банкарство - успешност и профитабилност, Економски Институт, Скопје, 2008

• Principles for Sound Liquidity Risk Management and Supervision, Basel Committee on Banking Supervision. June 2008 BIS < http://www.bis.org/publ/bcbs138.pdf >

• The Federal Deposit Insurance Corporation (FDIC), 08/03/2005 < http://www.fdic.gov/regulations/resources/directors_college/sfcb/liquidity.pdf > (дата: 28/03/2010)

-----------------------
[1] Д-р. Поповска Климентина, Комерцијално банкарство - успешност и профитабилност, Економски Институт Скопје 2008. стр. 105
[2] Principles for Sound Liquidity Risk Management and Supervision, Basel Committee on Banking Supervision. June 2008 BIS < http://www.bis.org/publ/bcbs138.pdf > (дата: 22.03.2010)
[3] Graddy D. and Spencer A. , Bank Management, Prentice Hall, 1990, страна 340
[4] Berger Allen and Bouwman Christa, The Measurement of Bank Liquidity Creation and the Effect of Capital. The Wharton Financial Institutions Center, Philadelphia. September 2006
< http://fic.wharton.upenn.edu/fic/papers/07/0702.pdf > (дата 25.03.2010)
[5] Ашталковски Сашо. Банкарско работење, Европски Универзитет Република Македонија, 2007; стр.218
[6] The Federal Deposit Insurance Corporation (FDIC), 08/03/2005
< http://www.fdic.gov/regulations/resources/directors_college/sfcb/liquidity.pdf > (дата: 28/03/2010)
[7] Ашталковски Сашо. Банкарско работење, Европски Универзитет Република Македонија, 2007; стр.225

[8] Basset, William F. and Zakrajsek E. Profits and Balance Sheet Developments at U.S. Commercial Banks in 1999. Federal Reserve Bulletin,2000 (дата 01.04.2010)
[9] Ашталковски Сашо. Банкарско работење, Европски Универзитет Република Македонија, 2007; стр.226

Similar Documents

Free Essay

Tehnologija Prijenosa Podataka U Internet Mreži

...TEMELJENA NA PRIMJERU PODUZEĆA SEMINARSKI RAD Predmet: Ekonomika prometa Predmetni nastavnik: Mihaela Bukljaš Skočibušić, prof.dr. sc. Student: Josip Jelekovac JMBAG : 0195028951 Zagreb, Siječanj 2015. Contents 1.UVOD 1 2. Pokazatelji uspješnosti i stabilnosti prometnog poduzeća „Zračna luka Pleso“ i njihova funkcija 2 2.1. Produktivnost 2 2.2.Ekonomičnost 4 2.3.Rentabilnost ili profitabilnost 7 2.4. Solventnost i likvidnost 10 2.5.Aktivnost 14 2.6.Zaduženost 15 8. Zaključak 14 9. Literatura 15 1.Uvod Svako poduzeće, pa tako i prometno , kroz svoje organe upravljanja i rukovođenja(menadžment) obrađuje financijske izvještaje pomoću kojih se planira daljnje vođenje poslovne i financijske politike, odnosno dobiva se informacijska podloga koja pokazuje koliko je uspješno vođenje poduzeća. Iz financijskih izvještaja izvode se pokazatelji ekonomskih učinaka koji se svrstavaju u nekoliko skupina : produktivnost, ekonomičnost, rentabilnost ili profitabilnost, solventnost i likvidnost, aktivnost i zaduženost. Menadžment se, s ciljem da poduzeće bude što rentabilnije te održava poželjni financijski položaj, bavi stalnim kombiniranjem elemenata poslovnog rezultata, ukupnih ulaganja i izvora financiranja, odnoso kontrolom tih elemenata i područja odgovornosti u vezi s njima. Kroz pokazatelje analize financijskih izvještaja dobivaju se financijski pokazatelji koji se grupiraju u sljedeće skupine : 1) Pokazatelji......

Words: 2616 - Pages: 11

Free Essay

Bonitet Banaka

...UNIVERZITET SINGIDUNUM DEPARTMAN ZA POSLEDIPLOMSKE STUDIJE MASTER RAD Bonitet banaka Mentor: Student: Prof. dr Budimir Stakić Ana Zukić 89/2006 Beograd, 2009. Sadržaj 1 Sadržaj Uvod ........................................................................................................................................... 5 Prvi deo Bonitet banaka 1. Pojam boniteta........................................................................................................................ 8 2. Elementi boniteta banke ......................................................................................................... 9 2.1. Kvalitativni pokazatelji boniteta banke..............................................................................9 2.2. Kvantitativni pokazatelji boniteta banke .......................................................................... 10 2.2.1. Analiza finansijskog položaja banke ......................................................................... 11 2.2.1.1. Finansijski rizici u bankama ............................................................................... 14 2.2.2. Analiza prinosnog položaja banke ............................................................................ 21 2.2.2.1. Bilans stanja ...................................................................................................... 23 2.2.2.2. Bilans uspeha ....................................................................

Words: 10792 - Pages: 44

Free Essay

Platni Promet

...promet 6. 3. 2007. Mihovil Anđelinović Kabinet 110 Konzultacije: Utorak: 10 – 11.30, srijeda: 10 – 11.30, četvrtak: 12 – 13.30 1. UVOD • PLATNI PROMET – financijski krvotok gospodarskog sustava svake zemlje • OSNOVNA FUNKCIJA PLATNOG PROMETA – omogućivanje sigurne i učinkovite uporabe novca kao sredstvo plaćanja • uspješno funkcioniranje platnog promet iznimno je važno i za središnju banku, instituciju odgovornu za funkcioniranje platnog prometa u zemlji i za cjelokupni financijski sustav • platni promet obuhvaća cijeli niz operativnih i tehnoloških postupaka definiranih odredbama različitih zakona • novi Zakon o platnom prometu u zemlji ( 1. travanj 2002. ) – posljednji korak u provedbi reforme domaćeg platnog prometa • izgrađena je nova infrastruktura platnog prometa ( Hrvatski sustav velikih plaćanja, Nacionalni klirniški sustav, Jedinstveni registar računa poslovnih subjekata ) donesena je odgovarajuća podzakonska regulativa, te na posljetku preneseni računi klijenata iz FINE ( svojevremeni ZAP ) u banke • stvorene pretpostavke za razvoj učinkovitog i racionalnog platnog sustava na zadovoljstvo njihovih korisnika i cjelokupnog gospodarskog sektora • struktura hrvatskog platnog sustava danas odgovara međunarodnim standardima te je u tom smislu usporediv i kompatibilan s platnim sustavom zemalja EU 2. INSTITUCIONALNI OKVIR ZA OBAVLJANJE DOMAĆEG I MEĐUNARODNOG PLATNOG PROMETA 2.1. Hrvatski financijski sustav Sačinjavaju ga: •......

Words: 8680 - Pages: 35

Free Essay

Finansijsko Izvještavanje

...DIO DRUGI FINANSIJSKO IZVJEŠTAVANJE Opšti elementi finansijskog izvještavanja Ciljevi finansijskog izvještavanja Osnovni cilj finansijskih izvještaja sastoji se u prikupljanju i obezbjeđenju informacija o finansijskom položaju, perfomansi (uspješnosti poslovanja) i promjenama u finansijskom položaju pravnog lica. Te informacije se korisne širokom krugu korisnika u donošenju poslovnih odluka. ne može pružiti sve informacije potrebne i posebne dodatne informacije. finansijski izvještaj pruža samo finansijske (vrijednosne) ali ne i nefinansijske informacije. Procjene i previđanja kao sastavni dio finansijskih izvještaja Prema zakonskim propisima u Federaciji BiH finansijski izvještaji se obavezno sačinjavaju polugodišnje i godišnje. - - Korisnici finansijskih izvještaja Među najvažnije korisnike informacija koje se prezentiraju finansijskim izvještajem spadaju: - ulagači odnosno dioničari - zaposleni - zajmodavci - dobavljači i drugi povjerioci - kupci - državni organi i - javnost - Ovdje treba napomenuti da je menadžment pravnog lica istovremeno i korisnik i pružalac informacija. Finansijski položaj, uspješnost poslovanja i izmjene u finansijskom položaju U zabilješkama uz finansijski izvještaj pravno lice je obavezno objaviti informaciju o predloženom konceptu raspodjele dobiti na dioničare, ulagače, reinvesticije i druge namjene. Informacije o finansijskom položaju pravnog lica daju se kroz pozicije bilansa stanja, bilans uspjeha, a informacije o......

Words: 7159 - Pages: 29

Free Essay

Kredit Ili Lizing?

...ESEJ IZ PREDMETA ''MIKROEKONOMIJA'' NA TEMU: „Kredit ili lizing?“ Student: Predmetni nastavnik: Goran Vukmir mr. Svetlana Dušanić Gačić Broj indeksa: 318/09 Banja Luka, februar 2010. godine Načini finansiranja poslovnog poduhvata Kada čovjek shvati da ima dobru poslovnu ideju i odluči da je realizuje, da počne svoj vlastiti poslovni poduhvat i da se upusti u avanturu preduzetništva, suočava se sa nekoliko važnih odluka. Jedna od prvih je pitanje kako da obezbijedi finansiranje za svoj poduhvat? Da li da uložiti svoj vlastiti novac i ličnu ušteđivinu, ako je ima, i tako pokuša biti gospodar svoje sudbine? Da čeka da dovoljno uštedi za investiciju? Ili da se zaduži i plaća nekome kamate, ali da odmah zaigra tržišnu utakmicu? Finansiranje vlastitim kapitalom je u pravilu najbolja opcija, ali je uvijek ograničeno sredstvima kojima pojedinac raspolaže. A to obično nije dovoljno, pogotovo u početnoj fazi biznisa, kada treba postići brz rast i agresivno osvojiti udio na tržišu. Vlastita sredstva će možda biti dovoljna za registraciju firme, nabavku kancelarijske opreme ili iznajmljivanje manjeg poslovnog prostora, ali će vrlo malo preduzetnika imati dovoljno vlastitih sredstava da sami finansiraju nabavku osnovnih sredstava, mašina, vozila ili repromaterijala. U razvijenim tržišnim ekonomijama potencijalni preduzetnik ima na raspolaganju mnogo različitih opcija, počev od zaduživanja......

Words: 1561 - Pages: 7

Free Essay

Financial Analysis

...Solvent Rating d.o.o. Milutina Milankovića 7v 11070 Novi Beograd Srbija T. +381 11 225 27 47 F. +381 11 311 39 74 E-pošta: info@boniteti.rs www.boniteti.rs FINANSIJSKA OCENA Finansijska ocena pokazuje poslovanje preduzeća u protekloj godini, a izračunava se jednom godišnje. Moguće ocene su označene slovima od A do E, pri čemu A predstavlja najbolju bonitetnu ocenu, a slovo E najlošiju bonitetn ocenu. Grafikon 1: Podela populacije prema bonitetnoj oceni za 2010. godinu Postupak dodele finansijske ocene temelji se na razvrstavanju preduzeća unutar pojedinačnih kategorija. Pojedinačno preduzeće se u sklopu prvog koraka razvrstava u jednu od deset kategorija prema kriterijumu vrednosti sredstava i jednu od deset kategorija prema kriterijumu ukupnih prihoda, gde kategorija 1 uključuje najmanje kompanije, a kategorija 10 najveće kompanije. U sledećem koraku se kompanije razvrstavaju prema individualnim finans ijskim pokazateljima. U daljoj klasifikaciji se koristi pet finansijskih indikatora, pri čemu se krajnji kreditni rejting formira na bazi klasifikacije pojedinačnih preduzeća mađu kompanijama u odgovarajućoj kategoriji, a na osnovu pojedinačnih pokazatelja . Kod svakog pojedinačnog pokazatelja se upotrebi samo jedan od dva moguća razvrstavanja iz prvog koraka, dakle razvrstavanje na osnovu veličine preduzeća ili razvrstavanje na osnovu ukupnih prihoda. Izbor finansijskih pokazatelja je ograničen na 5 najreprezentativnijih pokazatelja,......

Words: 2833 - Pages: 12

Free Essay

Bank Controlling

...BANK CONTROLLING BANKARSKI KONTROLING Miloš Pavlović 451/08 mpavlovic89@gmail.com Apstrakt: U ovom radu objašnjeni su osnovni koncepti kontrolinga u bankama kao procesa koji obuhvata informacioni sistem kojim se visoko rukovodstvo banke izveštava o stanjima, tačnije odstupanjima željenih ciljeva od planiranih i sistem koji služi da se te varijanse procene, ocene, prate i kontrolišu. U uvodu između ostalog, dat je pregled pojma bankarski kontroling i detaljnije objašnjenje interne kontrole i potreba vezanih za organizacionu strukturu bankarske organizacije. Takođe u ovom poglavlju date su neke informacije koje mogu da posluže u razgraničavanju šta predstavlja zadatak kontrolinga. U drugom poglavlju prodiskutovana je funkcija bankarskog kontrolinga, tačnije, obaveze i odgovornosti koje imaju pojedini položaji u hijerarhiji banke. Predstavljene su ključne komponente kontrolinga. Treće poglavlje, definiše principe kontrolinga i daje jednu podelu principa, tj. podelu koja rasčlanjuje trinaest principa određivanja interne kontrole u bankama koji su grupisani kao principi vezani za odgovornost, rizik, aktivnosti i segregaciju obaveza, informisanje i komunikaciju, nadgledanje aktivnosti i korekciju nedostataka i procenu bankarskog kontrolinga. Četvro poglavlje opisuje generalnu sliku određivanja i uticanja na profit banke, regulisanjem i kontrolom troškova. U petom poglavlju, dati su rizici sa kojima se susreće banka u trenucima kada pruža bankarske......

Words: 3237 - Pages: 13

Free Essay

Instruments of Financial Institutions

...I UVOD Pojam akcije (share, stock) poznat je jos od XVI veka. Smatra se daje prvo korišćen u Engleskoj, i to da bi označio udeo u finansiranju dugih plovidbi trgovačkog karaktera (Indija, Kina itd. ). Po povratku sa takvih puteva profit koji bi se ostvario prodajom donesene robe djelio se prema udelu, nešto kasnije akcija dobija drugo značenje. Sa razvitkom proizvodnje od zanatske preko manufakturne pa sve do industrijske razvijala se i dobijala na značaju i akcija. Potreba za širenjem posla i uvođenjem novih mašina zahtevala je velika finansijska sredstva. Ta finansijska sredstva mogla su biti pronađena jedino u vidu kredita, ali uslovi kreditiranja nisu uvek tako povoljni, pa se morao pronaći drugi izvor dugoročnog finansiranja. Zato su se odlučivali na varijantu zajedničkog ulaganja i stvaranja akcionarskih društava. Tako organizovane kompanije imaju svoje prednosti, jer su u stanju da mobilišu veći kapital, ali i rizik pojedinca je manji jer za poslovanje odgovara visinom svoga uloga, ali ne i svojom ličnom imovinom. Kako kod partnera kao po pravilu brzo dode do konflikta, tako su se pojedini akcionari odlučivali da prodaju svoje udele. To bi mogao biti jedan od scenarija začetka sekundarnog tržišta akcijama. Pisati o akcijama, a ne spomenuti berze bilo bi nemoguće. Berze su mesta na kojima se pored ostalog trguje i akcijama, međutim one su nastale mnogo pre akcija. I-1. POJAM I KARAKTERISTIKE AKCIJA Postoje brojne vrste hartija od vrednosti......

Words: 8477 - Pages: 34